Игор Ангеловски е нов тренер на казахстански Каспиј

Филип Здравески
/ 17.04.2023 / 12:07

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација има нов ангажман и тоа во далечниот Казахстан.

Игор Ангеловски ќе го води тимот на Каспиј, објави неговиот нов клуб. Станува збор за моментално последнопласираниот тим во најдобрата лига на Казахстан.

По разделбата со ФФМ летото 2021 година, Ангеловски е слабо активен во тренерските води. На крајот на август 2022 година седна на клупата на хрватскиот тим Горица, но поради слаби резултати дојде до разделба веќе на почетокот од ноември. Оттогаш беше без ангажман.

Неговиот нов клуб Каспиј има лош почеток на сезоната (во Казахстан сезоната почнува во март) и по 6 кола е последен со само една победа и 5 порази. Поради тоа клубот се раздели со досегашниот предводник, бугарскиот стратег Николај Костов. Без Бугаринот викендов Каспиј ја запиша првата победа, а ги предводеше домашен в.д. тренер.

Ангеловски првиот предизвик ќе го има в среда кога во рамките на Казахстанскиот куп Каспиј ќе го пречека Туран.

Клубот Каспиј е од градот Актау на бреговите на Каспиското Море, по кое клубот е именуван (во минатото често менувал имиња). Дел од тимот е и македонскиот десен бек Стефан Коцев, кој сега ќе соработува со Ангеловски и кој во јануари од штипска Брегалница дојде во Казахстан.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе