Играчот за кој Реал бараше 500 милиони евра побара трансфер

Мадридски AS тврди дека Рафаел Варан сака да си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Тоа би бил голем удар за тимот од Мадрид бидејќи Варан е еден од клучните играчи и фудбалер кој треба да биде предводник на одбраната по заминувањето на Серхио Рамос. Договорот на Варан со шпанскиот шампион трае до 2022 година и не планира да го продолжи.

Ова не е прв пат Варан да сака да го напушти Реал. Тој исто така планираше да замине во 2019 година, но враќањето на тренерот Зинедин Зидан го принуди да се предомисли. Сепак, сега должината на неговиот договор му овозможува поповолна ситуација во преговорите со Реал за заминување затоа што следната година може да го напушти Мадрид бесплатно.

Реал е во тешка ситуација бидејќи проблем за 27-годишниот Варан не се парите - тој сака нови предизвици. Неговата цел е да се испроба во англиската лига по десет години во Реал. Манчестер Јунајтед сакаше да го донесе таму пред две години, но Мадрид не сакаше да го продаде ни за 100 милиони евра.

„Варан вреди 500 милиони евра“, беше пораката од Реал во тоа време.

Сега ќе треба да прифатат многу помала понуда од 100 милиони евра...

реклама

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе