Стил

Instagram убавица: Маргарита Паша, Мис Украина

20. септември 2019 - 19:00 | Б.С.Б.

Новата Мис Украина, убавицата Маргарита Паша минатата недела беше избрана за најубава жена во земјата. Таа доби можност да ја претставува Украина на натпреварот за Мис на светот што ќе се одржи во Лондон.

24-годишната убавица е прилично популарна на Instagram, каде ја следат скоро 10.000 луѓе.

На социјалната мрежа објавува фотографии од јога пози и промовира здрав животен стил.

„Спортот е мојата единствена зависност“, вели украинската убавица.

Коментирај