СЕРИЈА А 2023/2024

Интер славеше над Јуве и направи огромен чекор кон Скудетото

Фудбалерите на Интер со 1:0 го победија тимот на Јувентус на преполниот „Џузепе Меаца“ во 23. коло од Серија А и со победата во големото дерби направија огромен чекор кон освојување на титулата шампион на Италија.

Интер беше многу поквалитетен тим во првото полувреме против безопасниот Јувентус, а тоа го потврдува и фактот што во првите 45 минути упати 9 удари кон гостинскиот голман со 61% посед на топката.

Како награда за добрата игра пристигна гол на осум минути пред паузата кога Федерико Гати си постигна несмасен автогол. Првото полувреме заврши со тој резултат.

URL

Јувентус одигра многу подобро во преостанатиот дел од натпреварот, ја презеде иницијативата, но одбраната на Интер предводена од голманот Јан Зомер и беспрекорниот Франческо Ачерби без проблем можеше да се носи со нападите на „Старата дама“, па резултатот не се промени.

„Нераѕурите“ имаа и неколку одлични шанси да го зголемат водството, не завршниот чекор или беше несмасен или полскиот репрезентативец Војчех Шченсни ги спасуваше гостите со одлични одбрани.

Remote video URL

Интер сега го обезбеди првото место во Серија А со четири бода повеќе од второпласираниот Јувентус, а клубот од Милано има и натпревар помалку, оној одложениот против Аталанта поради учеството во Суперкупот.

Во следното коло Интер ѝ гостува на Рома в сабота од 18 часот, додека Јувентус ќе биде домаќин на Удинезе во понеделник вечерта.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе