УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Интер со стил се избори за финале против Севиља

Италијанско-шпанска пресметка в петок во Лига Европа. Таков е епилогот по вчерашното второ полуфинале во кое Интер го декласираше украински Шахтар со високи 5:0.

Многу полесно од очекувањата тимот на Антонио Конте стигна до своето прво финале по она во 2010 година кога ја освои Лигата на шампиони.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинес во 19. минута. По едно лошо исфрлување на голманот Андриј Пјатов, Николò Барела ја украде топката, се протна до позиција за нафрлување, го пронајде Лаутаро во шестнаесетникот каде Аргентинецот со глава постигна гол.

На вториот гол се чекаше после паузата, до 64. минута. Марцело Брозовиќ од корнер прецизно му сервираше на Данило Д'Амброзио и „Нераѕурите“ по вторпат погодија со глава.

Потоа во интервал од 11 минути тотално се распадна концепцијата на Украинците кои примија уште три гола за вистинско полуфинално понижување. Во 74. минута Лаутаро го постигна својот втор гол, во 78. Аргентинецот си поигра со украинската одбрана и одлично му асистираше на Ромелу Лукаку за 4:0, а во 84. минута Лукаку со неверојатен спринт се проби до голот и низ нозете на Пјатов ги постави конечните 5:0.

Финалето е закажано за в петок со почеток од 21 часот на „РајнЕнерги“ стадионот во Келн. Нормално, ќе се игра без публика. За Севиља тоа ќе биде рекордно шесто финале во ова натпреварување кое порано се викаше Куп на УЕФА, додека за Интер ќе биде петто. Андалузијците ја немаат почувствувано горчината на поразот во финале бидејќи досега сите пет ги победија, додека Интер има три триумфи и еден пораз.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе