На социјалните мрежи на 18 февруари одекна вест за смртта на актерот Силвестер Сталоне, според која тој починал од рак на простата, односно тој оваа болест наводно ја чувал во тајност, но повеќе не можел да се бори со неа.
Објавата била споделена 2,2 милиони пати, а со неа била објавена и фотографија на која актерот изгледа како навистина да е болен.
Некои медиуми соопштија дека всушност станува збор за фотографии од снимањето на новиот филм „Creed 2“, во кој Балбоа се бори со рак.
По тој повод се огласи и самиот актер, кој ги замоли обожавателите да не обрнуваат внимание на ваквите дезинформации.
„Ќе ве замолам да ги игнорирате ваквите глупости. Јас сум жив, здрав, добар и среќен“, напиша Сталоне на социјалните мрежи.
Во следна објава, поточно во видео снимка со својата ќерка, Сталоне саркастично порачува: „Навистина е одлично чувството да се вратите од мртвите“.
Сепак, ова не е прв пат интернетот да го умира славниот актер. Истото се случи и во септември, 2016 година.