Ioniq 6 поминува 614 километри со едно полнење на батеријата

Електричниот модел Ioniq 6 на Hyundai, кој според WLTP нормите може да помине 614 километри со едно полнење на батеријата, е поставен на тркала од 18 инчи и нема погон преку двете осовини.

Hyundai го претстави сериското издание на претходно откриениот концепт модел Prophecy во јули, а Ioniq 6 претставува продолжение на актуелната електрична приказна што јужнокорејската автомобилска компанија ја започна со атрактивниот модел Ioniq 5.

И додека многу се зборува за изгледот на каросеријата на Ioniq 6, Hyundai нагласува дека автомобилот со нагласена надолна линија на покривот со себе носи екстремно низок коефициент на отпор на воздухот, што, меѓу другото, му помага да постигне значителен домет со едно полнење на батеријата.

Според нормите WLTP, клиентите кои ќе се одлучат за најекономичната варијанта на Ioniq 6 можат да очекуваат да поминат до 614 километри со едно полнење на батеријата (77,4 kWh), а највисокиот досег е резервиран за автомобил на (помал) 18- инчни тркала со еден електричен мотор и со пренос на сила само на задната оска.

Во комбинација со погонот низ двете оски, кои се задолжени за два електромотори, Ioniq 6 ќе надмине 583 километри со споменатиот капацитет на батеријата со едно полнење. Доколку клиентите се одлучат за поголеми тркала од 20 инчи, досегот во двата случаи ќе биде помал за шеесет километри.

Најмалиот домет (429 километри) го постигнува стандардната и најприфатлива верзија (18-инчни тркала, еден електромотор, заден погон) со батерии со капацитет од 53 kWh.

На крајот, треба да се спомене дека нормите за потрошувачка зад Европската Унија (WLTP - Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure) сепак се пооптимистички од нормите на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA - Environmental Protection Agency).

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе