„Исцелител“: Поинаква судбинска приказна за загубата и љубовта

Кога станува збор за филм од македонска продукција, по малку невино и многу очекувано, како публика пристапуваме истовремено емотивно пристрасно и крајно критички. Имајќи го товарот да биде спореден со скудната македонска филмографија (скудна секако, во споредба со европската и светската), секој нов филм снимен во Македонија го гледаме низ оваа призма. „Исцелител“, филм во режија на Ѓорче Ставревски, кој исто така го напиша и сценариото, за среќа, отскокнува од сите стереотипи.

Иако слушнав пофалби за филмот и бев свесен за наградите и добрите критики кои тој ги донесе од фестивалите во Солун и Талин, сепак, влегов во киносалата без некакви очекувања, надевајќи се дека така нема да се разочарам од она што ќе го видам. Она што не го очекував е дека во наредните 104 минути ќе го гледам најзабавниот и најдобриот македонски филм во последните десетина години.

Главната улога во филмот ја има Веле (Благој Веселинов), кој живее заедно со неговиот татко Саздо (Анастас Тановски) во еден трошен стан во скопската населба Автокоманда. Саздо има рак на бели дробови и живее со големи болки кои никако не успева да ги излечи, што поради тежината на болеста, што поради недостатокот на пари за лекови. Веднаш во првата сцена, Веле и Џем (Аксел Мехмет) ги гледаме како одат кај локален надрилекар кој се занимава со алтернативна медицина, што (веројатно) треба да ни го покаже разочарувањето на ликовите од македонското здравство. Филмот натаму е полн со симболика и алудира на различни аспекти од секојдневниот живот во Македонија, но тоа го прави суптилно, за да не ви ја полни главата со предумисли. Низ целиот филм Веле вози точак, што само додава на инсинуацијата дека воздухот во нашата земја е многу загаден, што одлично се вклопува со приказната за болеста на Саздо.

Работејќи како механичар во железничката станица, Веле е константно разочаран. Некогаш поради тоа што шефот не му дава плата, некогаш пак, поради тоа што едноставно не сака веќе да ја работи оваа професија. Соочен со ваква безизлезна ситуација, Веле прави навидум очајнички потег што се покажува како судбински во животот на татко му, а со тоа и неговиот: му прави колач со марихуана што го претставува пред Саздо како „лек од исцелител“.

Начинот на кој е направен филмот алудира на тоа дека режисерот Ставревски веројатно бил многу инспириран од британскиот црн хумор, шпанската кинематографија и американскиот начин на пренесување на мала, стокмена приказна на големото платно. Она што импресионира е тоа што ликот на Веле, како водечка сила во „Исцелител“, нема некој сериозен љубовен интерес, туку она што ја „врзува“ публиката за него е неговиот посветен однос према татко му Саздо, кој тој многу го сака, но не чувствува дека љубовта му е возвратена, па ја тера публиката да се сочувстува со него баш поради тоа.

Секој од главните актери изгледа удобно во својата улога, носејќи ја како своја секоја од карактеристиките на ликот кој го толкува. Посебно признание мора да му се даде на Благој Веселинов, кој го носи овој филм на својот грб, знаејќи кога да биде сериозен и да ја „стопи“ публиката со емотивниот перформанс (посебно кога е со Саздо), а кога да биде смешен и да ја натера публиката да се насмее заедно со него. Секако, мора да се пофалат и Александар Микиќ и Мирослав Петковиќ, кои толкуваат две од споредните улоги, но кои му даваат сосем нова димензија на овој филм, кој без нив двајца ќе изгледаше празен. Петковиќ, заедно со Мехмет, ѝ донесоа на македонската кинематографија двајца „comic relief“ ликови, наменети да ја засмејуваат публиката низ целиот филм чија главна приказна е болката, загубата и разочарувањето.

Сепак, најголема заслуга мора да оди кај Ѓорче Ставревски. Не само што тој го напиша сценариото, кое е добро смислено, паметно, хумористично и емотивно, туку и како режисер успеа да ја поврзе приказната и сето тоа да го прикаже на екранот крајно ефикасно, не задржувајќи се многу на непотребни места, туку водејќи ја приказната во темпо со кое ги задржа очите на публиката цело време вперени во платното, неизвесно чекајќи што ќе се случи следно.

Како едно од најдобрите филмски остварувања излезени од нашата земја, препорачувам овој филм да биде погледнат во некоја од киносалите во кои се прикажува, за да се доживее чувството на гледање на одличен македонски филм во македонска киносала, помеѓу домашна публика. Но, да не бидам погрешно сфатен, ова не е само добар македонски филм. Ова е објективно одличен филм. Се надевам дека добрата работа на Ставревски нема да помине незабележана и тој ќе добие повеќе вакви проекти, и дека актерите кои максимално добро си ја одработија работата ќе добијат повеќе шанси да глумат во филмови од домашна продукција.

Remote video URL

Филмот се прикажува на редовниот репертоар на кината Cineplexx и Милениум.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе