Делови од подморницата „Titan“, која имплодира на дното на Атлантикот додека се движеше кон потонатиот брод „Титаник“, се извлечени на брегот.

Огромни парчиња метал утрово беа истоварени од Хоризонт Арктикот кај канадската крајбрежна стража во Сент Џон'с, Њуфаундленд, Канада.
„Тие брзо беа покриени со големи церади пред кранови да ги подигнат на камиони кои ги однесоа на евалуација“, пишува Daily Mail.
Американските и канадските власти ја бараа, но беше утврдено дека дошло до катастрофална имплозија кога биле пронајдени делови од подморницата. Телата на петте патници не се пронајдени.
Пет членови на екипажот на „Titan“, кој исчезна во неделата, трагично ги загубија животите, а врз основа на пронајдените остатоци од подморницата, експертите заклучуваат дека несреќата е предизвикана од имплозија.
Контраадмиралот Џон Маугер на прес-конференција рече дека е премногу рано да се каже кога се случила имплозијата. Имплозија е процес со кој подморницата се дроби однадвор од хидрауличниот притисок на водата што ја опкружува. Се претпоставува дека катастрофата се случила уште пред да се започне спасувачката операција.