Искрен трејлер за Оскари 2020
Цела година сите мудруваат дека Оскарите станале нерелевантни, а потоа стигнуваат номинациите. Па одеднаш сите стануваат експерти, критичари, познавачи... па го гледал филмот, па не го гледал, па што има да го гледа...
Дечките од Screen Junkies подготвија искрен трејлер за Оскарите 2020 во кој ја опфатија еуфоријата за настанот, како и дел од најкоментираните номинирани филмови.