Истражување вели: Кимчи е тајната зошто Корејците не се дебели

Ф.З.
/ 05.02.2024 / 09:50

Истражувањето спроведено на 115 илјади луѓе покажа дека консумирањето на оваа популарна намирница трипати на ден може да го намали обемот на половината.

Кимчи е корејско јадење направено од ферментиран зеленчук како зелка, кељ и кромид. Ова јадење е поврзано со позитивни здравствени ефекти во регулирањето на варењето и зајакнувањето на меморијата.

Студијата спроведена од истражувачите од Универзитетот „Чун Ан“ во Јужна Кореја покажа дека мажите кои јадат три порции кимчи дневно имаат помали шанси да бидат со прекумерна тежина и имаат помалку сало на стомакот. На овој начин се намалува и ризикот од други болести како што е дијабетесот.

Претходните истражувања покажаа дека бактериите пронајдени во кимчи се против дебелината, но истражувачите сакаа да знаат дали нивното редовно консумирање може да се поврзе со намален ризик од масти во стомакот и целокупната дебелина.

Абдоминалните маснотии, честопати наречени „пивски стомак“ се сметаат за најважниот тип на маснотии во развојот на дијабетес тип 2, бидејќи се наоѓаат околу виталните органи како што се панкреасот и црниот дроб.

За новата студија истражувачите ги разгледале податоците од повеќе од 115.000 Корејци на возраст над 40 години кои учествувале во студијата Health Examinees - долгорочна анализа на еколошките и генетските фактори на ризик за вообичаени хронични состојби. Учесниците пополниле прашалник за тоа колку често јадат различни видови храна.

Во студијата објавена во списанието BMJ Open биле измерени висината и тежината на секој учесник, индексот на телесна маса (BMI) и обемот на половината.

Резултатите покажале дека консумирање умерено количество кимчи резултира со намалување на масните наслаги на стомакот кај луѓето со прекумерна тежина. Меѓутоа, прекумерната количина предизвикала зголемување на масните наслаги.

Откако истражувачите ги зеле предвид потенцијалните причини, консумирањето до три дневни порции вкупно кимчи биле поврзано со 11% помала преваленца на прекумерна тежина. Истражувачите предупредија дека студијата може само да воспостави корелација.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе