Италијански класик: Непоразениот Интер пред најголемиот тест во Торино

После 15 натпревари во лигата без пораз, одличната форма која му ја донесе првата позиција на табелата, Интер во 16 коло од Серија А се наоѓа пред најтешкиот испит, а тоа е гостувањето кај Јувентус.

Големото дерби познато под прекарот Derby d’Italia на програмата е вечерва со почеток од 20:45 часот во Торино.

Ако од почетокот на сезоната 2010/11, првата сезона на Интер после заминувањето на Жозе Мурињо, кој зад себе остави тројна круна, дербито меѓу Јуве и Интер беше интересно најмногу поради величината на клубовите, а не и поради рамноправната силa и форма, тоа нема да биде случај во вечерашното дерби.

Овие две екипи, а тоа посебно се однесува на Интер, конечно после долг временски период заедно се борат за титулата и тоа ја враќа убавината на италијанскиот фудбал.

Интер со својата фантастична низа од 15 натпревари без пораз во 15 лигашки натпревари, во кои запиша 12 победи и три ремија, е прв на табелата, а на своето конто има 39 поени.

Јувентус во лигата веќе два пати ја почувствува горчината на поразот, еднаш ремизираше и 12 пати славеше, што е доволно за 37 поени и трето место на табелата.

Интер во последните три натпревари запиша три победи, притоа постигна и 10 погодоци, а прими само еден, што најдобро отсликува во каква форма се наоѓа тимот на Спалети.

Иако „Старата дама“ нема таков учинок во последните три лигашки средби, нејзината сила, па и форма, најдобро ја прикажува резултатот од последното коло во кое беше срушен Наполи со 1:0.  

Нема сомнение дека не очекува вистински спектакл вечерва во Торино и конечно љубителите на фудбалот и Серија А, како што стојат работите оваа година ќе можат да уживаат во возбудлива трка за титулата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе