Ивица Осим ќе добие улица во Белград

Легендарниот југословенски фудбалер Драган Стојковиќ-Пикси синоќа присуствуваше на погребот на Ивица Осим во Сараево и по тој повод најави дека легендарниот Швабо ќе добие улица во Белград.

„Во пресрет на патувањето во Сараево имав разговор со челниците на Град Белград и речиси е сигурно дека една од улиците во нашиот главен град ќе го носи името на легендарниот Ивица Осим. Тој тоа апсолутно го заслужи и многу ми е мило што Белград и Србија сакаат на еден прекрасен човек и фантастичен стручњак да му се оддолжат на адекватен начин“, рече Пикси.

Набрзо стигна и потврда од Белград, од заменик-градоначалникот Горан Весиќ.

„Селекторот на нашата репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи легендата на југословенскиот фудбал Ивица Осим да добие улица во Белград поради сѐ што направи за нашиот спорт и нашиот град. Пикси ми го претстави овој предлог во разговор што го имаше пред неговото патување во Сараево. Град Белград го прифаќа предлогот на Пикси и Ивица Осим ќе добие улица во нашиот град штом ќе поминат три години од неговата смрт. Одлуката во меѓувреме ќе биде донесена“, рече Весиќ.

Ивица Осим почина на 1 мај на 81-годишна возраст во Грац, Австрија, а беше погребан на 14 мај на Градските гробишта Баре во Сараево. Беше роден на 6 мај 1941 година во Сараево. Во Грац веќе има улица со неговото име.

Како фудбалер беше играч од средниот ред и настапуваше за Жељезничар, клубот каде ја почна кариерата и мина 10 сезони, како и за холандски Зволсхе Бојс и француските Стразбур, Седан и Валенсјан. За репрезентацијата на Југославија одигра 16 натпревари и постигна 8 гола и настапи на ЛОИ 1964 и ЕУРО 1968, каде беше и избран во идеалниот тим на првенството откако „Плавите“ загубија во финалето.

По завршувањето на играчката кариера стана тренер прво водејќи го својот Жељо, за потоа да стане последниот селектор на Југославија од 1986 до 1992 година. „Плавите“ ги водеше на ЕУРО 1988 и Мундијалот 1990, а требаше и на ЕУРО 1992 каде Југославија беше исфрлена поради војната во Босна. Потоа беше на чело на Партизан, Панатинаикос, Штурм и ЏЕФ Јунајтед, а потоа беше и селектор на Јапонија во 2006-2007 од каде по неполна година си замина откако поради стрес не ги гледаше пеналите против Австралија на Азискиот куп. тогаш рече: „Не ги гледав бидејќи тоа е лошо за моето срце. Не сакам да умрам додека ја водам јапонската репрезентација. Сакам да умрам во мојот роден град Сараево“. Сепак, почина во Австрија, од срцев удар после деценија и кусур проблеми со срцето.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе