Израел потроши 785 милиони долари за вакцинирање за COVID-19

Израел досега потроши околу 785 милиони долари на вакцини против COVID-19, изјави денеска официјален претставник на Министерството за финансии на седница на парламентарниот комитет, пренесе DPA.

Израел досега има купено вкупно 15 милиони дози вакцини, иако портпаролот на Министерството за здравство одби да ја потврди оваа бројка, повикувајќи се на договорите за доверливост.

Израелските власти потрошија околу 2,6 милијарди шекели за купување вакцини од неколку производители, се слушна пред парламентарниот комитет. Оваа земја досега користеше речиси исклучиво вакцини на Pfizer/BioNTech.

Цената на вакцината во просек беше околу 52 долари по доза, далеку повеќе од сумата што ја платија многу европски земји.

Пред неколку недели, белгиската државна секретарка за буџет, Ева Де Бликер, случајно на Twitter објави некои цени на вакцините, наведувајќи дека доза на вакцината на Moderna чини околу 15 евра (17 долари), додека на Pfizer/BioNTech чини 12 евра. Таа подоцна го избриша твитот.

Претставник на израелското Министерство за здравство соопшти дека уште 2,5 милијарди шекели ќе бидат потрошени за дополнителни дози на вакцини.

Израел, држава со околу 9 милиони жители, националната кампања за вакцинација ја почна на 19 декември и таа досега е една од најуспешните во светот, пренесе DPA.

Бројот на сериозно заболени лица значително се намали во последните неколку недели, како и бројот на нови случаи.

Повеќе од 5,2 милиони Израелци досега ја примиле првата доза од вакцината, а 4,3 милиони ја примиле и втората доза.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе