Јакимовски до Мицкоски: Некои велат си лапнал бајадера

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, со реакција и порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан, не можам да поверувам дека интелектуалец, универзитетски професор ќе биде толку расипан. Да праќаш на седница на совет, да се собираат граѓани за да создаваат хистерија во која вие, немајќи аргументи, ги повикувате наводно граѓаните на помош. Всушност, сценарио и режија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, под твое раководство. Кога немаш аргументи и Путин со тенковите да го викнеш, џабе ти е. Аргументите велат - Јужниот булевар е планиран од 1964 година и сѐ што таму е изградено (шеталиште, фонтана, детско игралиште, урбана опрема, дрвореди) е на трасата на Јужниот булевар. Вие ги лажевте граѓаните дека јас сум тој што сакам да рушам нешто што сам сум изградил иако и Јужниот булевар и неговата сервисна улица ја одредил Коце Трајановски, а ја потврдил Миле Јанакиески“, вели Јакимовски во неговата реакција.

 

Лажевте, додава лидерот на ГРОМ, дека ќе се градат пет згради, а вистината е дека ќе се гради една зграда и истата е предвидена со претходните два плана. Интересно е што сте направиле есап колку пари ќе заработел Фатмир Етеми. И тоа, наводно не го правиш ти есапот, туку некојси „твитерџија“, крајно сирово и простачки, а целта ти е јасна зошто го правиш есапот.

Јакимовски, како што вели, никогаш на луѓето не им правел пресметки колку ќе заработат.

„Нивни пари вложуваат и со среќа нека им биде. Вие му правите есап на заработката за да пресматате колку да му земете мито, или како што тоа вие у жаргон го велите, да го 'чарџате'. Вашата весела математика вели дека ќе заработел 8 милиони евра. Се поставува прашање дали јас имам интерес од изградбата на оваа зграда. Јас личен интерес немам, но имаат граѓаните и општината. Да се наплатат комуналии од кои ќе реновираме училишта. ќе градиме градинки, катни гаражи, ќе правиме фасади, ќе даваме стипендии на ученици итн. Толку за зградата во населба Козле“, појаснува Јакимовски.

Реагира и за зградата во населбата Крњево во Општина Центар.

„Според твоите пресметки, ако за зграда од 12.445 м² се заработи 8 милиони евра, колку ќе се заработи со зградата што по твој налог ја гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, спроти Ист Гејт во Крњево, која има 18 спрата и вкупно развиена површина од 33.724 м²? Според твојата весела математика, ако во Козле се заработи 8 милиони евра, од оваа што ти и твоите советници ја гласавте ќе се заработат 23 милиони евра. Сега ти, весел математичару, кажи кој е твојот интерес сите твои советници да гласаат за изградба на оваа зграда, висока 18 спрата, нема ниту еден сантиметар квадратен зеленило и не само во таа парцела, туку и пошироко, а мене во Карпош многу милуваш да ми бараш зеленило“, пишува Јакимовски.

Јавно го прашува Мицкоски кој бил неговиот интерес.

„Во Козле, на парцела од 4.700 м² ќе се гради зграда со 12.445 м², значи односот е 1 спрема 3, компарирана парцелата со станбената површина што ќе се изгради. На парцелата што ти ја поддржа, спроти Македонска Телевизија, или во Крњево, има земјиште од 7.200 м², а ќе се добие станбена површина о 33.724 м². Значи односот земјиште/станбена површина за градба е 1 спрема 4,5. Како што гледаш, сѐ е во твоја корист. И полека, но сигурно, се надѕира резонот зошто да се гласа – ти борецу против бетонизација, љубител на зеленило“, вели Јакимовски.

Дополнително, според него, фрла сенка одлуката на Мицкоски што објектот ќе се гради на место каде што во моментов е јавен паркинг. „Како што милуваш да кажеш, се загрозува јавниот интерес, а во Козле ќе се гради на место каде што сега има стовариште и дополнителен бенефит за граѓаните е улицата која што ќе ја поврзе 'Козле' со 'Адолф Циборовски'. Очигледно контаминацијата од Ист Гејт те држи. И таму се инаетеше и не подржуваше градби за да на крај дадеш поддршка. Некои велат, откако си лапнал бајадера. Јас нема да се кријам зад твитерџија и да ти праќам флаери, еве ти го флаерот направен од мене, и народот нека ги спореди и двата и нека каже кој е полош, ти или јас. Кој работи во свое име и за своја сметка, а кој работи во интерес на општината и граѓаните“, му порачува Јакимовски на Мицкоски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе