Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч
Извршен е првиот тест на новиот воз ALFA-X, постигнувајќи брзина од 382 км/ч. Возот може да достигне максимална брзина од 400 км/ч.
Тестот беше успешно извршен на линијата која ги поврзува Токио и перфектурата Аомори, превезувајќи ги локалните новинари. Возењето меѓу станиците Сендаи и Мориока траеше 40 минути, а обично трае час и 15 минути.
Возовите во Јапонија моментално достигнуваат брзина до 320 км/ч.