Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

Разрешениот директор на Кардиологија, Сашко Јовев, вели дека добил голема поддршка од заменик-министерката Маја Манолева која имала многу состаноци на кои го подржала, а добил поддршка и од СДСМ, но сепак тврди дека разрешувањето не тргнало како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.

„Јас сметам дека не сум жрва на политички реваншизам, но ова веќе може да пресане во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика. Иницијалната каписла може да е некоја суета, некое недоразбирање, апсолутно. Како таа оди нагоре, сакаат да жртвуваат некој што направил нешто во овој живот и за оваа држава, јас 25 години се трудев да отворам кардиохирургија, многу генерации наназад ја создаваа оваа држава. Ние имаме чесно и интелектуално портфолио и не може да си играте играчки со такви луѓе. Воопшто не почна политички, како се егзацербира, веќе може да има некој, за мене, беспотребен политички пазар“, рече кардиохирургот Јовев.

Тој синоќа на прес-конференција пред Клиниката се посомнева дека е сменет бидејќи за настанот од 27 мај на кој се пофалија со хибридна операциона сала за брзо оздравување на пациентите, згрешил во протоколот. Министерот Меџити се почувствувал навреден оти прво бил поканет премиерот Димитар Ковачевски, а потоа тој, ккао министер за здравство.

Адвокатот на Јовев, Мите Михајловски, најави тужба по решението за разрешувањето во кое е образложено дека единствена причина за смената се листи за исплата на дежурства од 2022 година без потпис на министерот. Адвокатот Михајловски смета дека одговорноста што немало согласност за исплата на дежурствата не е на директорот туку токму на министерот.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе