Јутјубер го праша Новак: „Кој си ти?“, овој генијално одговори

Во бекстејџот на доделувањето на Златната топка во Париз беше видена многу интересна сцена, а главната улога ја имаше Новак Ѓоковиќ.

Меѓу бројните гости беше и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја додели Златната топка во женска конкуренција на Ајтана Бонмати.

Јутјуберот IShowSpeed ​​налета на Ѓоковиќ зад сцената и настана незаборавна сцена.

IShowSpeed, ​​или 18-годишниот Американец Дарен Воткинс, му пријде на Ѓоковиќ и го праша кој е тој.

„Како се викаш? Ми изгледаш многу познато“, го праша IShowSpeed.
Ѓоковиќ го препозна јутјуберот и се снајде на генијален начин.

„Јас сум новата ѕвезда на Милан“, рече освојувачот на 24 Грен слем титули и додаде:

„Сѐ уште не сум заиграл за тимот, но ќе бидам на следниот натпревар. Сакам да постигнам хет-трик“, а тој одговор го воодушеви американскиот тинејџер.

URL

Ѓоковиќ реагираше на таков начин бидејќи очигледно е запознаен со ликот и делото на IShowSpeed.

Младиот Американец, кој има 21 милион следбеници на YouTube, е познат по тоа што намерно лошо ги изговара имињата на фудбалерите додека ја игра популарната видео игрица „FIFA“, или сега „EA FC“, а преправањето дека не знае кој е Ѓоковиќ беше само дел од неговиот настап.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе