Јутјубер намерно срушил авион заради прегледи, ФАА му ја одзеде дозволата

Американската Федерална авијациска управа (ФАА) му ја одзеде пилотската дозвола на јутјуберот Тревор Џејкоб откако откри дека скокнал од авион и намерно дозволил да се урне за да може да го сними инцидентот.

Џејкоб, поранешен американски олимписки сноубордер и инфлуенсер, предизвика контроверзии откако минатиот декември објави видео со наслов „I Crashed My Plane“.

Наведувајќи дефект на моторот како причина, Џејкоб скокна со падобран од малото летало и го сними како паѓа во подножјето на Националната шума „Лос Падрес“ во Калифорнија.

Во писмото од 11 април, ФАА соопшти дека ги прекршил правилата на воздухопловната агенција и дека управувал со својот едномоторен авион на „невнимателен или непромислен начин со што го загрозил животот или имотот на трети лица“, пишува The New York Times.

„Покажавте недостаток на внимание, расудување и одговорност со тоа што избравте да скокнете од авионот само за да можете да снимите видео од несреќата“, се вели во писмото.

„Вашите неверојатни и намерни постапки покажуваат дека моментално ви недостасува степен на внимание, расудување и одговорност што се бара од носителот на сертификатот“, додава ФАА.

Агенцијата додава и дека тој ја отворил пилотската врата за време на летот без да открие дека моторот откажал и дека не се мачел да контактира со контролата на летање преку фреквенцијата за итни случаи.

Скоро 13-минутното видео на YouTube, објавено на Бадник, досега има над 2 милиона прегледи.

Remote video URL

Воздухопловните експерти и корисниците на социјалните мрежи се сомневаа дали авионот намерно се урнал, поради што ФАА и Националниот одбор за безбедност при транспорт (НТСБ) започнаа заедничка истрага.

Видеото, направено со помош на GoPro камери прикачени на различни делови од едномоторниот авион Taylorcraft BL65, покажува како леталото ја губи моќта во воздухот.

„Во текот на летот доживеав дефект на моторот над некои планини. Немаше безбедно место за слетување“, вели Џејкоб во видеото.

„Затоа секогаш летам со падобран“, додаде тој по падот на авионот, додека се враќаше кон урнатиот авион.

Јутјуберот ги исклучи коментарите на видеото откако корисниците го прашаа дали тој ја организирал несреќата, но шотоа, по одредено време, повторно ги дозволи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе