Каде завршува користената и донирана облека од Европа?

Европската Унија тројно го зголеми извозот на користена облека од почетокот на векот, што дополнително го влоши проблемот со акумулацијата на отпадот во земјите во развој, предупреди денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Европа има ограничен капацитет за повторна употреба и рециклирање, така што голем дел од фрлената и донирана облека се извезува во Африка и Азија, истакнува агенцијата во извештајот објавен во понеделникот.

„Постои заедничка перцепција кај јавноста дека донации на користена облека се секогаш добредојдени во овие региони, но фактите кажуваат друга приказна“, предупредуваат експертите за животна средина во извештајот. „Иднината на извезениот искористен текстил е често неизвесна“, додаваат тие.

Во 2000 година ЕУ извезла околу 550.000 тони текстил, според податоците од извештајот. Во 2019 година извозот достигна речиси 1,7 милиони тони, што одговара на 3,8 килограми по жител.

„Она што не е погодно за повторна употреба завршува на депонии“

„Текстилот првенствено се реупотребува поради побарувачката за евтина, користена облека од Европа. Она што не е погодно за повторна употреба најчесто завршува на отворени депонии и неофицијални текови на отпад“, објави агенцијата.

Во 2019 година, ЕУ извезла 41 отсто од искористениот текстил во Азија, каде што бил сортиран и преработен во централните точки. Поголемиот дел од него се користел во индустријата или бил испратен во други азиски земји за рециклирање и во Африка каде што бил повторно пуштен во употреба. Речиси половина од искористениот текстил завршил во африканските земји, откри ЕЕА.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Бизнис

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Read more

Кои ЕУ земји имаат најдобра трговска соработка со Венецуела?

Read more

Џабе царините на Трамп – кинескиот извоз руши рекорди

Read more

Азиските акции најмногу растат, Токио руши рекорди пратејќи го Волстрит

Read more
 

Вести

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе