[КАЈГАНА рецензија] „Стела“ е филм за детето во секој од нас

Публиката со бурен аплауз ја поздрави филмската екипа на „Стела“ на премиерата на првиот македонски семеен детски филм во рамките на Фестивалот на европски филм Синедејс 2020.

„Стела“ конечно, по неколкумесечни одлагања поради пандемијата, ја виде светлината на кино-проекторот, а ние конечно ја видовме Стела – светлината на животот.

Филмот е во продукција на ДРИМ ФЕКТОРИ, а главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, снимател на звукот е Срѓан Бајски и монтажата на Данчо Стефков.

Моите очекувања од филмот беа големи и растеа додека чекав да се пополни просторот во Градски Парк до последно столче на свеченото отворање на годинашниот Синедејс, под отворено небо. Уште од разговорот со режисерот Стојан Вујичиќ ме копкаа неколку теми, но најголема јанѕа ми беше – дали навистина ќе биде детски филм, разбирлив филм за деца?

Децата се раѓаат со одредени вродени, биолошки предиспозиции како производ на долга еволутивна историја. Ова може да ја даде „гарантираната“ биолошка рамка за тоа што може да го фасцинира детето и истовремено и да ја ограничи можноста за тоа да се случи. Филмот за деца најчесто се базира на некој аспект на некаква општествена конструкција, но емоцијата што ја канализира и/или предизвикува е она што го дефинира „успехот“ на филмот.

Првичните импресии од „Стела“ ми беа дека екипата одговори на предизвикот да го направи првиот македонски семеен детски филм на јазик што е разбирлив за децата и допира до возрасните. Исто така дека ја оправда еуфоријата околу долгоочекуваниот филм во чија срж е важноста на детето во семејството и светот воопшто.

Во очекување на поинтимна проекција во киносала, дојдов до заклучок дека „Стела“ не само што успеа да одговори на погоре спомнатиот предизвик, туку успеа и под отвореното скопско небо да нѐ завитка во една утробна тишина и спокој. Да ни дозволи младиот Петар Маниќ, кому ова му е прва улога во долгометражен филм, да ни го одглуми ликот со очи, истовремено со детска искреност и со безвременска мудрост кои имаат една иста намера и намена – да се сакаш себе си, да си го најдеш својот спокој и своето место во светот.

Неговата изгубеност не е негова, ами наследена како ген од родителите, кои несвесни за нивното беспаќе оставаат нивното дете да лебди во меѓупросторот, со многу повеќе прашања отколку одговори.

Појавата на Стела во неговиот живот, нејзиното блеснување како ѕвезда водилка во мракот во кој се наоѓа малиот и кршлив Никола, е светлината што на секој од нас ни затребала барем еднаш, таа универзална енергија на безусловната љубов и беспоговорната доверба.

„Стела“ е филм за деца, за детето во секој од нас, за непрекинатото растење што секој од нас мора да го култивира ако сакаме нашето постоење на овој свет да вроди со некаков плод, да биде од некаква корист, да биде нечија потпора и стреа.

Топло препорачувам да го погледнете филмот „Стела“ што од утре, 1 октомври, е на репертоарот на Синеплекс.

Remote video URL
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Рецензии

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more

Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?

Read more

[КАЈГАНА рецензија] „Стела“ е филм за детето во секој од нас

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе