Ако некогаш сте се запрашале дали Македонија ќе добие излез на море доколку нивото на светските мориња се покачи за 100 метри, одговорот го имаме - не, за малку нема да добие. Егејското Море ќе ни дојде речиси до граница.

Затоа, пак, во близина ќе имаме уште едно море за одење на одмор и тоа Панонското Море кое ќе ја поплави цела Војводина и половина Унгарија.
Холандија и Данска целонсо ќе ги снема, а од Естонија ќе останат само неколку острови.