Како целодневното седење влијае на здравјето на срцето?

Редовното движење наспроти седењето може значително да го подобри здравјето на срцето, открива ново истражување.

Многу возрасни луѓе имаат работи кои бараат од нив да седат поголем дел од денот. Сепак, давање приоритет на физичката активност, дури и во мали количини, може да има позитивно влијание врз целокупната благосостојба.

Новото истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон, објавено претходно овој месец во European Heart Journal, покажува дека заменувањето на седењето со секојдневно неколку минутно вежбање со умерен интензитет може значително да го подобри здравјето на вашето срце.

Од друга страна, истражувачите откриле дека долгото седење може негативно да влијае на вашето срце и да го зголеми ризикот од смрт.

За да го разберат ова, истражувачите изградиле модел за да утврдат што би се случило ако некое лице менува едно однесување за друго секој ден во текот на една недела.

Моделот анализирал податоци од различни студии кои му овозможиле на истражувачкиот тим да го види влијанието на промената на одредени однесувања. На пример, 54-годишна жена која 30 минути седење ги заменила со умерено вежбање, успеала не само да го подобри здравјето на срцето, туку и да го намали обемот на половината за 2,5 сантиметри.

Ова истражување не е прва студија која го истражува негативното влијание на седењето врз здравјето и како луѓето можат да ги ублажат овие ризици.

Во друга студија претходно годинава, истражувачите открија дека луѓето кои седат повеќе од 12 часа на ден имаат 38% поголем ризик од смрт доколку не вежбаат најмалку 22 минути секој ден.

За оние кои седат повеќе од 12 часа на ден, постои зголемен ризик од прерана смрт. Седењето има негативен ефект врз нашето срце исто како што активноста има позитивно влијание врз него.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Здравје

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Read more

Невролог споделува совети за забавување на стареењето на мозокот

Read more

СЗО предупредува дека алкохолот во Европа е премногу евтин

Read more

Во кој дел од денот е најдобро да јадете портокали?

Read more
 

Магазин

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе

Како спиењето во ладна соба може да ви помогне да ослабете?

Читај повеќе

Колку долго трае идеалниот секс?

Читај повеќе

Невролог споделува совети за забавување на стареењето на мозокот

Читај повеќе

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Читај повеќе

СЗО предупредува дека алкохолот во Европа е премногу евтин

Читај повеќе

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе