Како да го деактивирате или избришете профилот на Instagram?

Деактивирајте или избришете го вашиот профил на Instagram многу лесно, во само неколку чекори, но не заборавајте ги вашите лични податоци.

Нема сомнеж дека Instagram може да биде многу корисен за споделување спомени и комуникација со најблиските. Сепак, многумина тврдат дека оваа социјална мрежа е главно губење време, скролање без цел и место каде што многумина се обидуваат да се претстават многу поразлично од она што се во реалноста, па сè почесто наидуваме на луѓе кои сакаат да го деактивираат или избришат нивниот профил на Instagram.

Доколку сте еден од корисниците кои сакаат да ја напуштат платформата или да се одморат од неа, сигурно сте забележале дека платформата малку го искомплицира целиот процес, а ние само за вас подготвивме текст за тоа како можете трајно или привремено да се дистанцирате од Instagram.

Како да деактивирате профил на Instagram?

Доколку сакате привремено да го деактивирате вашиот профил, Instagram посочува дека привремено ќе го сокрие, исто како и вашите фотографии, коментари и лајкови, додека повторно не го активирате профилот со повторно најавување.

Можете да го оневозможите вашиот профил само преку компјутер или интернет прелистувачот на вашиот паметен телефон. Постапката е иста без разлика за што сте се одлучиле.

  • Најавете се на вашиот профил на Instagram преку веб-прелистувач
  • Кликнете на сликата на вашиот профил во горниот десен агол, потоа кликнете на Profile и потоа на Edit Profile
  • На самото дно на екранот, ќе се појави опцијата Temporarily disable your account

Instagram ќе побара од вас да објасните зошто ја оневозможувате вашата сметка, изберете го вашиот одговор во менито Why are you disabling your account, по што ќе треба да ја внесете лозинката, и

Откако ќе го направите сето тоа, ќе забележите дека опцијата Temporarily disable your account повторно е „вклучена“ и со неа привремено ќе го деактивирате вашиот профил.

Како да избришете профил на Instagram?

Откако ќе го избришете вашиот профил, содржината - фотографии, видеа, коментари, допаѓања и следбеници - ќе бидат трајно отстранети. По бришењето на профилот, секогаш можете повторно да се регистрирате со истото корисничко име или да го додадете на друг профил(ако имате), ако претходно не почнал да го користи друг корисник.

Instagram е вистински пример за терминот Dark Pattern и како што можеби претпоставивте, не можете да го избришете вашиот профил од апликацијата за телефон, ќе мора повторно да користите веб-прелистувач.

Најбрзиот начин е да ја посетите нивната официјална страница за бришење профил, а потоа следете ги следните чекори.

  • Ако не сте најавени, ќе биде побарано да го сторите тоа
  • Изберете ја опцијата од паѓачкото мени Why do you want to delete, односно објаснете зошто го бришете профилот
  • Треба повторно да ја внесете лозинката i
  • Кликнете на Delete (па вашето корисничко име).

Instagram нема веднаш да го избрише вашиот профил, откако ќе биде поднесено барање за бришење, профилот целосно ќе биде избришан дури по еден месец. Во меѓувреме, вашите податоци, профил, фотографии итн. нема да бидат видливи за другите луѓе.

Зачувајте ги вашите податоци пред да го избришете Instagram

Како што е случајот со претходните две опции, целата оваа постапка ќе треба да ја завршите преку интернет прелистувач. Откако ќе се најавите на вашиот профил на Instagram, кликнете на Privacy and Security и изберете ја опцијата Request Download лоцирана под Data Download.

Корисникот ќе мора да ја достави својата е-адреса, бидејќи Instagram таму ќе ги испрати податоците, откако ќе кликнете Request Download. Потребни се 48 часа за да ви ги испрати сите податоци. Нема да ја добиете опцијата да изберете што да зачувате, но ќе ја добиете целата своја историја. Instagram најверојатно ќе ви ги испрати овие податоци во формат JSON (JavaScript Object Notation), а најлесен начин да ги прочитате е преку интернет прелистувач како што е Firefox.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Интернет

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Read more

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Read more

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Read more

Како да ги решите проблемите со Wi-Fi конекцијата?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе