ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Како да го заведуваш партнерот цел ден?

Една читателка на Kajgana.com го доби нашето и вашето внимание, па прерасна во редовна колумнистка на тема секс-совети и сексуална еманципација. Прочитајте што има да ни каже денеска.

Самиот наслов на текстов верувам дека звучи премногу напорно - кој ли има време да заведува цел ден?

Особено ако живеете заедно, ако живеете заедно веќе којзнае од кога или ако живеете заедно којзнае од кога и притоа живеете во заедница (дали со деца, или со родители). Ќе си речете: да, секако дека сакам да се шетам по секси долна облека пред свекрвата или моето петгодишно дете. На тоа ќе одговорам само дека: секси долната облека е присутна последниот половина час (максимум) од ова „заведување“. А можеби ќе поминете и без неа.

Многу често слушаме, или живееме во реалноста дека страста во долгите (и стабилни) врски опаѓа, па дури и исчезнува со текот на времето. Како одминува времето и сѐ повеќе сте заедно, па дури и да не се деца во прашање, рутините на секојдневието едноставно ја убиваат мистеријата во врските ден по ден. И тоа е нормално. Нормално е да партнерот не ви е толку привлечен кога најчесто го гледате во тренерки (а не дотеран за излегување), или откако сте поминале неколку грипови и стомачни вируси заедно. И нормално и вашиот сексапил претрпел по некој удар во неговите очи од истите причини. Но, физичкиот изглед и форма имаат само одредена улога во она што нѐ пали кај партнерот кој го сакаме, да бидеме реални. И додека сеќавањата за лудите, врели ноќи од минатото може сѐ уште да нѐ греат повремено, време е свесно да се навратиме на враќање на „искрата“ во она што го имаме сега. А кога сакаме да смениме нешто, најлесно е да почнеме од себе - и токму затоа предлагам да почнеме токму оттаму.

Да почнеме со темата. Откако почна пандемијата прочитав дека луѓето или стануваат ултрасексуални или се затвораат комплетно заради нестабилноста на ситуацијата. Јас бев во првата категорија. Кај мене ова пронаоѓање длабоко се темелеше на фактот дека ефективно останав без работа и скоро 80% од дневните обврски што ги имав дотогаш. Одеднаш целиот стрес од секојдневието ми се тргна од рамена (и беше веднаш заменет со стресот дека сме во пандемија која може да нѐ убие, ама океј).

Откако се стабилизирав од првичниот шок на пандемичната реалност, некако природно ми дојде да почнам да работам на себе (веројатно бидејќи друга работа немав, а знаеме дека ѓаволот нит ора, нит копа). Престанав да бидам константно загрижена за дневните обврски и нивното обавување и со тоа сфатив дека престанав да го загрижувам и партнерот. Станав полесна за соработка по дома (повеќе user friendly) и смената во неговото однесување исто го рефлектираше тоа.

Па така, денот кога ќе решите дека ќе го заведувате цел ден, почнете токму со тоа - бидете едноставно поведри. Ако сте лошо расположени, константно загрижени, сигурно паметот не ви оди на секс. Партнерот може да се преврти на глава, но ако вам мозокот ви е преокупиран со нешто друго, нема да може да се „напалите“, па макар бил и Бред Пит (мене тој ми е згоден, вие бирајте кој ви е вам). Да, некогаш тие мисли животот нема да ни даде да ги скокнеме, ама денес сме решени да доживееме оргазам (во пар) и затоа денес свесно ќе бидат скокнати. 

Следниот чекор ми беше да размислам кога партнерот ми е всушност најпривлечен, за да можам јас да си влезам во точните мисли кај мене. Може тоа да е кога го гледате како работи нешто, кога е во негов елемент, или едноставно кога знае да ве насмее или да ве гушне посилно. Што и да е, пробајте да ја извадите таа страна кај него. Кај мене е смеењето. Има едно смеење кое кога ќе го видам си го препознавам човекот. Па така, цел ден се трудев да го имаме тоа чувство по дома. Уште ви звучи како многу работа? Врските се работа – и тоа секојдневна. Ова е убавиот дел од работата.

Низ целиот ден го „закачкав“ по малку. Носев домашна облека, но онаа која што знам дека тој малку повеќе ја бендисува. Онаа во која ми паѓа малку крагњата и ми се гледа едното рамо. И продолжив да флертувам. Му се смешкам, малку намигнувам - сите мали работи кои може да ги правите и кога не живеете сами, а може и баш да бидат поголем афродизијак бидејќи ќе бидат направени во „украдени моменти“. Може му е јасно што сакам да кажам, може уште не му е. Не е ни важно. Со тоа однесување не само што се релаксирам себеси, туку го релаксирам и него, бидејќи и неговата мисла треба да е ведра, инаку може да се превртите на глава ама ако на него му врти во позадина дека има состанок утре на работа што го вади од кожа, тешко дека ќе го постигнете она што сакате. Состанокот може не можете да му го решите, ама домашната атмосфера можете да ја релаксирате.

Малите постојани допири, смешкањето и намигнувањето сигурно ќе го поднатера да мисли на вас во поинакво светло. При крајот на денот треба да го дадете „завршниот удар“. На тој убав темел од цел ден, време е јасно да си кажете каде ви е паметот. Се направив наудрена дека треба нешто да фрлам за перење и јасно пред телевизорот си поминав скоро целосно гола. И после се вратив така назад по истиот пат. Внимание ќе добиете тука, сигурно. Потоа набрзинка облеков тоа што веќе имав испланирано и извадено во спалната и го викнав да ми помогне со нешто. И морам да признаам, ми помогна.

Немојте да се лажете дека самиот чин на заведување и предигра почнува десет-петнаесет минути пред сексот. Тоа почнува само што ќе заврши последниот оргазам. Тоа е игра која постојано треба да се потхранува по малку, особено во долги и стабилни врски и бракови. Паровите кои успеале еротски да опстанат, сфатив дека се оние кои не се темелат на спонтаност. Тоа успева само кога сме млади како пар. Напротив, тие се паровите кои постојано по малку си го подгреваат тој оган. И тие се истите парови кои знаат дека некогаш во животот тој оган ќе е појак, а некогаш послаб, но секогаш ќе умеат да фрлат уште некое дрво за да го одржат. 

Продолжете да читате: Ајде да зборуваме за секс

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе