Како да препознаете дали сте жртва на насилство од партнерот или сопругот?

Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА сподели корисен леток во кој ги издвојува најчестите показатели дека една девојка или жена е жртва на насилство од нејзиниот партнер/сопруг.

Постојат многу митови и стереотипни ставови за родово базираното насилство, кои го обликуваат начинот на кој општеството гледа и реагира на насилството извршено врз жените. Таквите митови и ставови се штетни затоа што имаат тенденција да го вперуваат прстот кон преживеаните од насилството, наместо да ги сметаат извршителите на насилството одговорни за нивното однесување. Исто така, можат да направат дополнителна штета на жените кои доживеале насилство и можат да ги спречат здравствените работници да обезбедат соодветна медицинска нега. Затоа е од суштинско значење сите чинители, вклучувајќи ја јавноста, да ја разберат разликата помеѓу митот и фактите, со цел да ја разберат состојбата на лице кое преживеало насилство, неговите потреби и да одржат професионален и непристрасен став.

Според статистиката на центрите за социјална работа, бројот на жртви на семејно насилство лани се намалил за 4,3 проценти во однос на 2021 година, но од стартот на 2023 година зачестија насловите во медиумите за нападнати, силувани, претепани, па дури и убиени жени.

Според податоците од истражувањето „Економското насилство како форма на родово базирано и семејно насилство“ објавено во декември 2022 година од тимот на „Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство“, 30 проценти од испитаните жени сметаат дека биле жртви на економско насилство, а само 9,4 отсто ги пријавиле ваквите случаи во полициска станица или во центар за социјални работи. Според податоците од истражувањето добиени од Центарот за социјални работи на Град Скопје, евидентирани се само четири случаи на економско насилство.

Покрај константниот стрес од живеење во состојба на страв и неизвесност, што само по себе предизвикува огромна штета кај жртвата, насилството долготрајно влијае врз емоционалното, психолошкото, физичкото, сексуалното и репродуктивното здравје и благосостојба на жените. Неретко се одразува и на финансиската стабилност. Поинаку кажано, насилството го нарушува секој сегмент од животот и нормалното секојдневно функционирање на жртвата, потенцираат од Платформата за родова еднаквост.

Гордана Блажеска Спиридонова, психолог во гимназијата „Никола Карев“, укажува на алармантото непрепознавање на родово-базираното насилство кај младите, а во некои случаи молк на жртвите поради стигматизацијата на проблематиката.

„Кодексот на молк е страшно распространет меѓу младите“, вели таа, особено кога станува збор за насилство во партнерските односи, каде сексуалното насилство понекогаш доаѓа пред сексуалната подготвеност.

Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА сподели корисен леток во кој ги издвојува најчестите показатели дека една девојка или жена е жртва на насилство од нејзиниот партнер/сопруг. Овие показатели укажуваат на економско, физичко, психичко, сексуално и други видови на родово-базирано насилство од страна на партнер.

Еден од начините на кои може да им се излезе во пресрет на жртвите на насилство е да им се посочат места на кои може да се обратат и да го пријават насилството, но и да добијат поддршка и помош.

Едно такво место е Првиот Семеен Центар - ПСЦ во Град Скопје преку кој веќе 10 години обезбедува психо-социјална поддршка, советување и правна поддршка за семејствата во кои постојат конфликтни односи или родово засновано и семејно насилство.

Првиот семеен центар на Град Скопје е првото специјализирано советувалиште во земјава за жртви/преживеани и сторители на родово засновано и семејно насилство, вклучително и за малолетни деца и за други членови кои се директно или индиректно засегнати од насилството.

Преку него се обезбедува психо-социјална поддршка, советување и правна поддршка на семејствата во кои постојат конфликтни односи или родово засновано и семејно насилство. Покрај индивидуално, групно и семејно советување со психотерапевти, Центарот нуди и советување за социјални права, упатување и придружба до соодветни институции и организации и правна помош. Сите услуги во Центарот се бесплатни и доверливи.

Центарот е отворен секој работен ден: понеделник, среда и петок од 9 до 16 часот, а вторник и четврток од 12 до 19 часот.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе