Како да се расоните без кафе?

Веднаш штом ги отворите очите наутро брзате кон кујната за да направите кафе? Оваа топла и вкусна напивка е добар начин да се расоните наутро, но има и други начини да го разбудите телото освен со кофеин.

Многу луѓе велат дека не можат да се расонат без утринското кафе, но тоа може да го постигнете и на природен начин, ако ги промените вашите навики на спиење.

Начинот на кој спиете и времето во кое се одвива вашиот ноќен сон влијаат значително врз тоа дали ќе се разбудите наспани и подготвени за новиот ден, без да ви бидат потребни надворешни стимуланси.

Квалитетниот ноќен сон е она што нѐ прави одморени и свежи, па без тоа потребен ни е кофеинот „за да си дојдеме на себе“ наутро. Но, ако се потпирате на кофеинот за да се разбудите, не го извлекувате максимумот од вашето тело и мозок во текот на денот.

Лошото спиење, односно краток и неквалитетен сон во погрешно време, има негативно влијание врз здравјето и функционирањето на мозокот, поради што имате проблеми со концентрацијата и помнењето, дури и кога ќе се „освежите“ со кафе.

За да ви биде утринското кафе уживање, а не потреба, применете ги овие корисни совети како да се наспиете квалитетно.

Престанете со внесување кофеин шест часа пред спиење

Кофеинот ве буди наутро, но може да придонесе за лош сон во текот на ноќта. Затоа ви треба кофеин да ве расони и така продолжува магепсаниот круг.

Во студија спроведена во 2013 година било анализирано како внесувањето кофеин неколку минути пред спиење и три или шест часа пред спиење влијае врз квалитетот на сонот.

Не е изненадување дека тие што се напиле кафе пред спиење останале будни до долго во ноќта, но и оние кои внесле кофеин три до шест часа пред спиење не можеле да заспијат или спиеле лошо.

Попладневна дремка

Наместо да се напиете уште едно кафе за да ве освежи во попладневните часови, пробајте нешто во сосема спротивен правец – освежете се со мала попладневна дремка.

Дваесетина минути дремење се сосема доволни за да може мозокот да ги почувствува добрите ефекти од првата фаза на спиење, тврдат експертите.

Но, мора а бидете внимателни – ако спиете подолго од 20 минути попладне ќе влезете во фаза на длабок сон, па ќе се разбудите во состојба „не знам кај се наоѓам“.

Исто така, одбегнувајте да дремете доцна попладне, бидејќи тоа може да ви го наруши ритамот на ноќното спиење.

Разладете ја спалната соба

Експертите велат дека поквалитетно спиеме кога во спалната соба температурата е за нијанса пониска отколку во другите простории во домот – меѓу 18 и 21 степен Целзиусов.

Многу истражувања покажале дека превисоката температура во спалната соба негативно влијае врз квалитетот на сонот, поради што се будиме уморни, дехидрирани, неосвежени и потечени.

Одржувајте здрави навики на спиење

Одржувањето на здрави навики на спиење, односно дисциплина на легнување и бидење, е многу важно за квалитетот на сонот.

Оваа дисциплина на спиење треба да ја применувате во текот на целата недела, што значи дека со повеќе спиење во викенд деновите не си правите услуга, туку напротив, го пореметувате распоредот на спиење и станување во исто време.

Секако, не треба да бидете точни до минута, но времето на легнување и будење не треба да варираат повеќе од 30 до 45 минути од ден во ден.

Ноќниот непрекинат сон треба да трае најмалку 7 часа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе