Како да се разбудите наспани?

Брзото темпо на живеење, набиените распореди и домашните обврски се фактори што придонесуваат да не спиете доволно или квалитетно.

Хроничната ненаспаност може да се одрази на здравјето, концентрацијата и сексуалниот живот, како и на вашиот изглед.

Експертите советуваат како да ги смените вашите навики за да се наспиете квалитетно и здраво и тоа ќе се одрази на вашата кожа. Шест часа квалитетен непрекинат сон се доволни за да се разбудите наспани.

Наместете аларм

Не станува збор за аларм за будење, туку аларм што ќе ве потсети дека е време да си легнете и да почнете полека да го забавувате организмот. Ова ќе ви помогне да развиете рутина на легнување на спиење што ќе резултира со здрави навики и редовен сон.

Спијте на грб

Спиењето на грб е важно ако сакате да се разбудите свежи. Со спиењето на страна вршите притисок на лицето, што го забрзува распаѓањето на колагенот и води до видливи линии на лицето и создавање брчки.

Електронски мрак

Оставете го мозокот навистина да се одмори. Исклучете ги сите екрани, монитори и електронски уреди, од телевизор, таблет, лаптоп до смартфон. Светлото од екраните го попречува првиот сон или т.н. златни часово во кои телото го зголемува лачењето на хормоните што го зајакнуваат организмот.

Средете ја собата во која спиете

Нередот може да ви предизвика стрес додека се обидувате да заспиете, што го активира лачењето на кортизолот, а тој пак го уништува колагенот, главниот хормон одговорен за еластичност на кожата. Претворете ја собата во која спиете во место што ќе ве смири и во кое лесно ќе потонете во сладок сон.

Хидратација

Одржувањето на новото на хидрираност на организмот е нешто на кое треба да звнимавате во текот на целиот ден. За здрав сон, а со тоа и здрава кожа, важно е да му овозможите на телото доволно хидратација, но немојте да пиете многу течности непосредно пред спиење. Исто така, ако пиете алкохол на вечерно излегување, не заборавајте со секоја чашка алкохол да испиете чаша вода. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе