Како да спречите целиот свет да го гледа вашиот дом на Google Street View?

Не ви е убаво било кој на интернет да може да го гледа види вашиот дом? Следете ги чекорите подолу.

Денес го земаме Street View здраво за готово, но оваа услуга од Google е, ако размислиме малку повеќе, неверојатна алатка. Не само што служи како некој вид на временска машина за локации низ планетава, туку исто така ни овозможува да ги видиме местата од 360 степени кои веројатно никогаш лично нема да ги посетиме, но и оние со кои сме запознаени - вклучувајќи ја и улицата на којашто живееме.

Меѓу другото, можеме да си го видиме домот, дворот, терасата, а можеби и самите себе ако случајно се најдеме на вистинското место во вистинско време. Корисно, нели? Секако дека е, но секоја паричка има две страни, па оваа технологија може да се користи на различни начини, вклучително и злонамерни. Не треба да заборавиме - сè што гледаме на Google Street View може да го види и секој на планетава што има пристап до интернет и Google Maps.

Дали тоа ви пречи? Доколку вашиот одговор е „да“, ви носиме решение кое ќе ги спречи дигиталните воајери и ќе се погрижи вашиот дом да биде безбеден од љубопитните очи.

Како да го скриете вашиот дом на Google Street View?

Ако не сте воодушевени од фактот што целиот интернет има поглед на улицата на вашата куќа, балкон од зграда или што било друго што го поседувате, треба експлицитно да му го кажете тоа на Google, по што ќе го замагли делот од фотографијата што не сакате да биде видлив.

За да го скриете вашиот дом од услугата Street View, треба да ги извршите следните чекори:

  • Отворете Google Maps (преку прелистувач или апликација);
  • Одете на вашата адреса и отворете Street View;
  • До вашата адреса, допрете на трите точки;
  • Изберете ја опцијата Report a problem;
  • Изберете го делот од сликата што сакате да го замаглите;
  • Кажете му на Google дека сакате да го замаглите вашиот дом со штиклирање My home;
  • Потврдете дека сте сопственик или закупец на објектот;
  • Внесете ги сите дополнителни информации што ќе му помогнат на Google да ја идентификува вистинската сопственост;
  • Внесете ја вашата e-mail адреса;
  • Потврдете дека не сте робот;
  • Притиснете на Submit.

Имајте на ум дека не можете да се предомислите. Ако Google се согласи да го замагли вашиот дом, овој е траен и повеќе нема да може да го гледате во Street View, исто како и секој друг.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе