Заштитните маски помагаат во спречување на ширењето на коронавирусот, велат здравствените власти.
Со оглед на тоа дека времето се разубавува, заштитните маски може да предизвикаат иритација на кожата, особено кај луѓето кои имаат проблеми со кожата.
Памучните маски се подобри за кожата, а може да ги перете во машина за алишта или рачно, со вода и сапун.
Како да го заштитите вашето лице и да спречите воспаление на кожата?
1. По секое носење на заштитна маска, задолжително мијте го лицето и нанесете тоник којшто не содржи алкохол.
2. Маските може да предизвикаат и сушење на лицето бидејќи го впиваат природното масло на кожата. Користете хидратантна крема за да го спречите сушењето на кожата.
3. Заштитните маските можат да предизвикаат и фоликулитис, па затоа треба редовно да го миете вашето лице. За мажите се препорачува да не го бричат лицето во потполност.