Како Елон Маск ја замислува иднината на Tesla?
Во текот на 2018 година Tesla имаше многу проблеми со производството на автомобилот Model 3, кој ги наруши краткотрајните планови на компанијата. Но, Елон Маск и останатиот дел од раководството не размислуваат на краткотрајниот план, туку веќе ја планираат иднината на Tesla неколку децении однапред.
Gigafactory е веројатно најголемиот проект на Tesla досега. Тоа не е автомобил, туку е огромна фабрика која засега е само 30% готова, а веќе е одговорна за 60% од целото светско производство на литиум-јонски батерии. Планот на Маск и Tesla е да изградат повеќе вакви компании во земјите низ светот.