Како изгледа Дани Алвес по една година откако е обвинет за силување?

Почна судењето на Дани Алвес (40), поранешен бразилски фудбалер обвинет за силување.

Според многумина најдоброто десно крило во историјата на фудбалот, кој во кариерата освои 43 трофеи, е обвинет дека силувал 23-годишна жена на 30 декември 2022 година во VIP делот на ноќен клуб во Барселона.

Обвинителството против Алвес има голем број форензички и видеодокази и изјави на сведоци. Тие тврдат дека на споменатиот датум Алвес ја поканил жртвата и нејзините пријатели, ги почестил со пијачки, а потоа ја однел девојката во тоалетот, единствениот дел од ноќниот клуб кој не бил покриен со камери.

Наводно ѝ побарал орален секс, што таа го одбила, па тој ја силувал, а потоа го напуштил клубот. Девојката веднаш го пријавила настанот во полиција. Лекар ја прегледал, а полицијата почнала истрага.

Алвес се соочува со 12 години затвор

Алвес се соочува со 12 години затвор, а откако првпат беше испрашуван во јануари 2023 година, неколку пати го менуваше своето сведочење. Прво рече дека никогаш не ја запознал жртвата, а потоа изјавил дека бил со неа во тоалетот, но ништо не се случило.

Во третата приказна признал дека има орален секс, а во четвртата дека имало и секс со согласност, но тоа не сакал веднаш да го каже за да не дознае неговата сопруга. Сега, откако смени тројца адвокати, вели дека бил премногу пијан за да знае што прави.

Судењето, во кое наводната жртва ќе сведочи скриена зад завеса и гласот ќе ѝ биде сменет, започна денеска и се очекува да трае три дена.

URL
Роналдо, Робињо, Гринвуд, Менди, Алвес...

Алвес, по Кристијано Роналдо, Мејсон Гринвуд, Бенџамин Менди и Робињо, е уште еден во низата врвни фудбалери кои се соочуваат со обвинувања за силување.

Од наведените, само Робињо е осуден на девет години затвор за силување извршено во 2013 година, но според бразилскиот закон тој не може да биде екстрадиран. Во други, обвиненијата беа отфрлени или обвинителот прифати финансиска спогодба.

Наводната жртва на Алвес, сепак, одби да се спогоди.

Алвес имаше фантастична кариера. Играше за бразилските клубови Баија и Саун Пауло, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и мексиканскиот Пумас. Покрај споменатите 43 трофеи со најголемите европски клубови, тој двапати ја освои Копа Америка со репрезентацијата на Бразил, за која одигра 126 натпревари и постигна осум гола.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе