Како изгледа денес детето од најшокантната фотографиja во Африка

Една од највпечатливите фотографии од Африка е онаа на која хуманитарка му дава вода на гладното мало момче кое едвај стои на нозе.

Данкињата Ања Рингрен Ловен спаси момче обвинето за вештерство, кое родителите го оставиле на улица да умре од глад и жед.

Детето, кое потоа го доби името Хоуп (на англиски значи надеж), преживеало јадејќи ѓубре и остатоци наоѓајќи ги на улица и било во ужасна состојба.

Ања му дала храна и вода, го завиткала во ќебе и го однела на лекување во болница. Два дена откако ги замолила луѓето преку интернет да помогнат со сметката за лекување на Хоуп, таа добила 2 милиони долари донации од целиот свет.

Ања и нејзиниот сопруг ја основале фондацијата Land of Hope во Нигерија за сите деца кои ги нарекуваат вештерки, поради што се оставани на улица, физички малтретирани, а некои и убиени во руралните области на таа земја.

Ања неодамна сподели нова слика од Хоуп на која се гледа здраво и насмеано момче.

„По спасувањето на Хоуп во 2016 година бев интервјуирана од медиумите ширум светот и оттогаш приказната за неговиот напредок е објавена во многу написи. Децата сè уште се стигматизирани, мачени и убивани. Законите што треба да ги заштитат децата не се спроведени, а бројот на деца обвинети дека се вештерки расте бидејќи тоа стана профитабилен бизнис“.

„Затоа ве молиме продолжете да ја споделувате, не само приказната за Хоуп, туку и сите ужасни приказни на нашите деца и да ја поддржите Land of Hope за да го направите нашиот глас посилен и помоќен“.

„Токму во овој момент дете е запалено живо. Околу децата ставаат автомобилски гуми и ги палат. Мора да го запреме тоа. Мртвите не можат да викаат за правда“.

И покрај сета суровост и тешкотиите на нашиот свет, ние не сме само затвореници на судбината. Нашите постапки се важни и можат да ја свртат историјата во правец на правдата“, вели Ања со заедничка фотографија споделена на Instagram.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе