Наскоро пристигнува новата генерација на моделот Audi RS3, а новите фотографии кои „протекоа“ во Германија го откриваат неговиот изглед.
Новиот Audi RS3 ќе биде најдобриот и најмоќниот досега, а ќе има и drift mod кој го имаат и многу нови автомобили со погон на сите 4 тркала.
Сè уште се чека на официјалното претставување и техничките информации од Audi бидејќи досега беа објавени само тизери, а овие фотографии ни покажуваат како ќе изгледа претстојниот модел.
На фотографиите се гледа новиот дизајн на фелните, како и кровот кој е во црна боја.
Во внатрешноста се наоѓа дигиталниот driver info екран.
Новиот Audi RS3 ќе дебитира на 19 јули.