Како Месечината ќе предизвикува уште поголеми поплави на крајбрежните градови?

Mногу градови во крајбрежната област на САД веќе имаат проблем со поплави предизвикани од плимата и осеката, или периодично издигнување на морето. Националната управа за океани и атмосфера на САД (NОАА) извести за повеќе од 600 такви поплави во 2019 година.

Но, експертите на НАСА предвидуваат уште поголеми проблеми од средината на 2030-тите, како резултат на покачувањето на нивото на морето, но и на месечевиот циклус. Според новото истражување, за десет години ќе има поплави што ќе доаѓаат во серија од еден месец или подолго, во зависност од положбата на Месечината, Земјата и Сонцето.

Кога Месечината, Земјата и Сонцето се усогласуваат едни со други на одреден начин, нивното гравитационо дејство делува на океанот, па крајбрежните градови наскоро може да се соочат со поплави што ќе се случуваат секој втор ден, пишува НАСА.

„Ниско поставените области во близина на нивото на морето сѐ повеќе се изложени на ризик од зголемено поплавување, и ова само ќе се влошува. Комбинацијата на гравитационо влечење на Месечината, зголемувањето на нивото на морето и климатските промени ќе доведат до уште полоши поплави на нашите брегови, но исто така низ целиот свет“, рече директорот на НАСА, Бил Нелсон.

Како може Месечината да предизвика големи поплави?

Многумина сега се прашуваат - како Месечината може да влијае на зголемувањето на фреквенцијата на поплавите? Зарем Месечината нема своја фиксирана орбита околу Земјата? И, може ли тоа дополнително да влијае на нивото на морето, со познати ефекти на плимата и осеката?

Одговорот е да. Имено, на секои 18,6 години, Месечината поминува низ циклус на мали промени во орбитата наречен Месечев застој (Lunar standstill). Тоа не е некој нов или опасен процес - првпат бил забележан во 1728 година.

Иако Месечината секојдневно влијае на формирањето плима и осека, влијанието на нејзината гравитациска сила не е со еднаква сила секоја година. Бидејќи претрпува промени во орбитата за време на 18,6-годишниот циклус или ја менува својата позиција во однос на Земјата, исто така одговорна за дополнителни промени во плимата и осеката.

Во првата половина од циклусот предизвикува плима што е пониска од просечната и осека која е поголема. Во втората половина, плимата се зголемува и се намалува осеката. Така, првата половина на 18,6-годишниот лунарен циклус го потиснува ефектот на покачување на нивото на морето, додека втората го зголемува. Но, поради глобалниот пораст на нивото на морето, плимата и осеката само се зголемуваат, па затоа наскоро ќе имаме сѐ повеќе проблеми со поплавите.

Месечината сега е во фаза на циклус кога плимата се интензивира, но засега сè уште нема значителни поплави, ако го погледнеме просекот за оваа област. Сепак, во средината на 20-тите години од минатиот век, нема да имаме толку среќа бидејќи дотогаш нивото на морето ќе се зголеми уште повеќе и жителите на скоро сите крајбрежни области на САД и Хаваите ќе се соочат со почести, односно значителни поплави, според НАСА.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе