Како настанале канолите? Зад слаткиот симбол на Сицилија се крие секси приказна

Каноли е познат италијански и најпознат сицилијански деликатес, а ретко кој знае каква егзотична приказна се крие зад неговото потекло.

Да отидете на Сицилија и да не пробате каноли е како да отидете во Неапол и да не пробате пица. Но, не мора да одите на Сицилија за да го пробате овој познат италијански деликатес, можете да го направите дома, но пред тоа, научете нешто за тоа како е создаден.

Иако ширум светот постојат неколку верзии на каноли, оваа во форма на цевка исполнета со свежа рикота е оригиналот. Каноли не е исто ниту во другите делови на Италија, едноставно рецептот варира.

Што е тоа што ги прави толку вкусни канолите, често начинети со шеќеросано овошје, чоколадо или парчиња мелени ф'стаци?

Жителите на сицилијанскиот град Калтанисета тврдат дека зад божествениот вкус на овој деликатес всушност се крие една секси приказна.

Сместена длабоко во централна Сицилија, Калтанисета често се наведува како родно место на каноли. Овде, вкусниот деликатес понекогаш се нарекува Мојсиев стап или Кралски жезол. Зошто?

Според легендата, канолите први ги направиле конкубините на еден арапски емир за да ѝ оддадат почит на сексуалната моќ на нивниот господар, па формата на канолите дефинитивно не е случајна. Затворени во црвените ѕидови на замокот Пјетрароса (во буквален превод: црвен камен), жените наводно поминувале часови заедно смислувајќи слатки рецепти.

„Потеклото на ова вкусно уживање е потопено во легенди и митови, но има неколку вистински историски елементи кои нè тераат да ја поддржуваме оваа теорија“, вели Роберто Гамбино, градоначалник на Калтанисета.

„Калтанисета ја основале Арапите и веројатно имало харем каде што емирот чувал жени кои правеле каноли“, додава тој.

Сицилија била под арапска власт стотици години и тие оставиле зад себе богато наследство, вклучувајќи кулинарски традиции и исконски јадења. Иако има траги од „примитивни“ каноли кои датираат од античко римско време, рецептот што постои денес е од арапско потекло.

Еден од митовите околу пецивото вели дека „жените во замокот“ дошле на идеја да го наполнат тестото со рикота за да го пречекаат нивниот емир кога тој пристигнал од Палермо.

Кога арапското владеење завршило во 1086 година со подемот на Норманското Царство, Арапите ниту биле протерани ниту побегнале. Тие биле преобратени во христијанството и асимилирани, а и денес Арапите и нивните традиции живеат во Калтанисета. Денес жителите на овој град кој брои 63.000 жители себеси се нарекуваат Нисени.

Калтанисета

Според локалниот слаткар Лило Дефраја, кој 25 години го истражувал потеклото на канолите, жените на емирот им го пренеле својот рецепт на калуѓерките, кои потоа ја негувале долгогодишната традиција на правење деликатеси. Тој цврсто верува дека рецептот за каноли е роден во Калтанисета и дека приказните околу неговото потекло се многу повеќе од мит.

Дефрај прави каноли со комбинација од козја и овчја рикота, за која вели дека е повкусна и полесна за стомакот. Дополнително, рецептот го збогатил со додавање ванила, парчиња тиква, чоколадо и ф'стаци.

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе