Уживањето во кафе може да има неколку здравствени придобивки за нашето тело. Покрај тоа што дава енергија и има добар вкус, за многумина стана дел од секојдневните ритуали. Поради своите својства, на многумина би можело да им стане уште помило.

Имено, само една дополнителна шолја кафе наутро може да ви помогне да ослабете. Според една студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition, пиењето дополнителна шолја незасладено кафе е поврзано со намален ризик од зголемување на телесната тежина во текот на четири години.
Студијата се состоела од учесници кои наутро често уживале во пијалаци што содржат кофеин. Откриено е дека оние што консумирале дополнително незасладено кафе изгубиле приближно 118 грама во текот на четири години. Меѓутоа, оние кои додале лажичка шеќер во кафето, во истиот период се здебелиле 118 грама.
Треба да се напомене дека пиењето дополнителна шолја незасладено кафе наутро може да го задоволи целокупниот апетит, давајќи му чувство на ситост што често значи помалку грицкање во текот на денот.
„Зголемувањето на внесот на топли, нискокалорични пијалаци може да ја подобри телесната тежина бидејќи зголемувањето на течностите, особено топлите течности, може да го подобри чувството на ситост, што може да доведе до помал вкупен внес на калории во текот на денот“, вели Ерин Палински-Вејд, диететичарка од Њу Џерси.
Додека шеќерот може да ги промени ефектите на ситост, Палински-Вејд сугерира дека кремот и млекото имаат свои нутритивни придобивки.
„Додатоци на млеко и крем можат да додадат протеини/маснотии, што може да помогне при ситоста. Покрај тоа, малку лица консумираат прекумерни количини млеко или крем, како што прават со додадениот шеќер заради нивната слоност кон благо“, објасни таа.
Зачините како циметот исто така можат да ја задоволат вашата потреба за дополнителна сладост во вашето кафе без да придонесат за зголемување на телесната тежина. Додавањето кафе во добро балансирана исхрана, исто така, го намалува ризикот од болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и некои видови на рак.
Покрај тоа, кафето е стимуланс, така што ја зголемува стапката на метаболизмот во мирување, што ви овозможува да согорите повеќе калории во текот на денот. Исто така, дополнителна шолја кафе наутро ќе биде поефикасна кога станува збор за согорување на маснотии затоа што кога сте во состојба на пост, нивото на гликоген е ниско и тоа ќе ви помогне да изгубите масно ткиво.