Како се „готви“ јајце на минус 30 степени?
Жител на источен Сибир демонстрираше што ќе се случи кога ќе скршите јајце при температура од минус 30 степени.
Во видео, снимено на брегот на Бајкалско Езеро, авторот на видеото вели дека изведува експеримент со јајце и лед. Јајцето замрзнува во истиот момент и изгледа како да е спржено во тава.