Како се снимаше Mission: Impossible – Fallout?
Шестото продолжение на франшизата Mission Impossible со Том Круз во улогата на тајниот агент Итан Хант повторно ја освојува филмската публика.
Том Круз на 56 години ги изведе речиси сите сцени во Mission: Impossible – Fallout за кои би бил потребен каскадер, вклучувајќи го возењето мотор низ Париз, скокот од авион со падобран и возењето хеликоптер.
Том Круз ги снима овие филмови со многу љубов за нив, па често прифаќа предизвици кои се уникатни и многу опасни за секој обичен човек. Сепак, тој сака да му покаже на гледачот дека овој филм е доволно голема мотивација за главниот актер да се посвети до тоа ниво што ќе прифати да прави опасни каскадерски вештини.