Како социјалните медиуми го уништуваат фудбалот?
Откако минатата недела Јувентус и Барселона испаднаа од Лигата на шампиони, социјалните медиуми беа преплавени со приврзаници на Меси и Роналдо кои ја бранеа својата страна со „аргументи“ дека „докажале“ едниот е подобар од другиот.
Опсесивните дебати меѓу овие два табора се само еден од начините на кои социјалните медиуми и YouTube ја „расипаа“ фудбалската игра, што беше причина за авторот на HITC Sevens да размисли за сите други „болести на современите медиуми“.
Така, во најновото видео тој го образложува својот став за тоа како YouTube и социјалните медиуми нè поларизираат, нè нахранат со бес и ја одземаат забавата од фудбалот.