Како веднаш да ја подобрите меморијата?
Понекогаш се случуваме да заборавиме или да не можеме да се сетиме на нешто што во моментот го знаеме. Како да ја подобриме меморијата веднаш, со помош на науката?
AsapSCIENCE во ова интересно видео дава неколку совети за тоа. Првин започенете со вежбање, активност која ќе ја подобри циркулацијата. Добар и здрав оброк е исто така клуч за подобра меморија, посебно се акцентира јадењето боровинки бидејќи содржат флавониди кои ги штитат неуроните и ја зголемуваат функционалноста. Дружењето со луѓе и комуникацијата исто така се важни за добрата меморија.