Како вежба човекот кој е во најдобра форма во светот?
Кросфит шампионот и „Fittest Man on Earth“, Мет Фрејзер можеби се повлече од спортот, но спортот дефинитивно не излезе од него, така што тој и понатаму напорно вежба и ги тестира личните физички можности.
Последното видео што го објави е снимено во неговата целосно опремена домашна теретана со тренинг од исцрпувачки вежби.
„Ова беше добар ден, добро загревање, два дела составени од дигање тегови, еден чист кардио, еден MetCon тренинг и два сегменти со аксесоари. Чувството е одлично“, порача тој.