Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Не е секогаш лесно да се препознае кое месо во продавницата е свежо и со добар квалитет, особено ако е мелено. Најдобро би било да купувате домашно, но тоа не е секогаш возможно, затоа треба да ги искористите советите на експертите кои ќе ви помогнат да го препознаете квалитетот на месото.

Првиот совет е секогаш да им дадете предност на локалните производи кои поминале краток пат пред да се најдат во продажба. Но, покрај информациите на пакувањето, треба да обрнете внимание и на изгледот на месото.

Иако многу луѓе мислат дека е нездраво, маснотиите му даваат на месото многу од аромата и квалитетот. Квалитетното месо треба да има малку интрамускулна маснотија, а тоа може да се примети по белите ленти што личат на вени со кои месото е ишарано.

Ако купувате спакувано месо, не смее да има вода во него. Ако месото е во крвава вода, тоа значи дека е старо. За ова, како и за другите проверки, ви требаат само 5 секунди.

Боја

Идеалната боја на месото зависи од видот на храната за која станува збор. Свежото телешко месо треба да биде светло, но не и бело, исто како пилешкото, мисиркиното или паткиното месо. Говедско месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Идеалното свинско месо е бледо розово. Треба да ги избегнувате сите сивкасти нијанси на месо бидејќи е можно не само да не е свежо, туку и да е расипано.

Цврстина

Постои уште еден начин за лесна проверка дали спакуваното месо е сѐ уште свежо. Ако го притиснете со прст, мора брзо да се врати во првобитната состојба и на него да не остануваат вдлабнатини, а површината на месото мора да блеска.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Живот

8 совети за родителство што злато вредат

Read more

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more
 

Магазин

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе