Какви личности се луѓето кои остануваат во контакт со бившите?

По раскинувањето секој си заминува по својот пат, во потрага по партнер кој ќе му одговара. Но, за многу луѓе тоа не значи дека повеќе не треба да бидат во контакт со бившиот партнер.

Да, навистина постојат луѓе кои немаат проблеми со тоа повремено да се слушаат со бившиот, но и такви кои по раскинувањето го прекинуваат секој контакт. Психолозите детално ги анализираа луѓето кои остануваат во контакт со бившите.

Велат дека постои специфична причина зошто тоа го прават. Откако ќе се помират со раскинувањето и ќе минат низ фазите на болка и фрустрација, сфаќаат дека и понатаму чувствуваат голема платонска наклонетост кон бившиот, па одлучуваат да останат во контакт со него.

Според мислењето на психолозите и нивните досегашни искуства, во контакт со бившите главно остануваат нарцисоидните личности.

Клиничкиот психолог Рамани Дурвасула истакнува дека нарцисите често имаат обичај да останат во контакт со бившите и тоа само од одредена потреба. Пред се, нарцисите често се борат со фактот дека некој ги оставил.

„Се борат со суштинска несигурност. Нарцисите се склони кон тоа примитивно чувство на напуштеност, особено ако личноста со која некогаш биле во врска е некој богат, моќен, атрактивен, помлад од нив“, вели Рамани и додава дека нарцисите сакаат да имаат тајни бидејќи тие за нив се знак дека поседуваат моќ.

„Тоа не значи дека сметам дека сите кои ќе останат во контакт со бившите се нарциси“, вели докторката.

Две различни истражувања спроведени на млади и возрасни луѓе кои се во романтична врска открија колку често комуницираат со бившите партнери. Се покажа дека 40 проценти од анкетираните останале во контакт со бившата. Повеќе од 90 проценти почнале да се слушаат или гледаат со бившиот партнер по неколку месеци.

Интересно е тоа што за луѓето кои се во посериозен однос (брак, свршени или во сериозна врска) помала е веројатноста да одржуваат комуникација со бившите.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе