Каљари изненадува, по Наинголан ги донесе Симеоне и Олсен

Денеска на Сардинија пристигнаа Џовани Симеоне и голманот Патрик Олсен, големи засилувања за тимот на Каљари за претстојнава сезона.

Синот на Диего Симеоне, Џовани, си замина од Фиорентина. За сума од 16 милиони евра му пристапи на Кањари како големо засилување. 24-годишниот Аргентинец ја напушти Фиренца по двегодишна авантура откако ланската сезона се вклопи во сивилото на тимот и на 26 натпревари постигна само 6 голови. Поради тоа го загуби и местото во репрезентацијата на Аргентина за која досега има 5 натпревари и еден гол.

Покрај напаѓачот, Каљари се засили и помеѓу стативите. Таму ќе застане одличната единица на репрезентација на Шведска, Патрик Олсен. Скоро два метра високиот Швеѓанец доаѓа на едногодишна позајмица од Рома откако „Волчицата“ реши прв избор да биде новодојдениот Пау Лопес.

Претходно Каљари и тоа како го засили средниот ред најпрво со Раџа Наинголан од Интер, па за 18 милиони евра од Бока Жуниорс го купи уругвајскиот репрезентативец Наитан Нандес, а од Наполи го позајми Хрватот Марко Рог. На позајмица го донесе и 20-годишниот лев бек Лука Пелегрини од Јуве.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе