Неговиот дизајн е препознатлив и впечатлив, а пристапот професионален и инспирирачки – Зоран Кардула е уметник со кој Македонија се гордее.
Деновиве името Кардула се врзува со веста дека токму тој е избран да биде првиот Македонец кој ќе дизајнира часовник за светски познатиот швајцарски бренд Swatch. Деталите, разбирливо, засега се чуваат во тајност, но се планира часовникот да биде претставен на 8 септември, на Денот на независноста, а во духот на јубилејот ќе бидат произведени симболични 30 часовници. Проектот ќе биде проследен со аукција и донација.
Заедно со Зоран Кардула го зачнавме новото македонско - швајцаско ремек дело ⭐ На осми септември, на 30 годишнината од...
Posted by Bozinovski watches & jewelry on Tuesday, July 20, 2021
Кардула е роден во 1967 година во Крушево. Тој е дипломиран електроинженер од 1991 година, кој почнал да слика во 90-тите, а со графички дизајн се занимава од 2000 година. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Во ноември 2017 година имал изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставил „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележале социјалистичката ера на поранешна Југославија. Ова е само дел од неговото богато портфолио.
Разговаравме со Зоран за неговата инспирација, за процесот на работа и за соочувањето со предизвиците во креативната индустрија.
Вие сте првиот Македонец кој ќе дизајнира часовник за светски бренд како Swatch. Дадената чест е повеќе од заслужена, а сигурно е голем предизвик. Како дојде до соработката?
За мене е голема чест што тимот на „Божиновски“ ми овозможи да бидам првиот дизајнер од нашата земја кој ќе дизајнира часовник за Swatch. Во наредниот период и други кретаивци ќе може да се вклучат во овој проект.
Јас долги години се познавам со Игор Божиновски и покрај нашето лично познанство знам дека со години ја следи мојата работа и како резултат на тоа дојде до оваа соработка. Секако дека беше голем предизвик и навистина се радувам што дојде до реализација на проектот и за кратко време ќе го имаме крајниот производ.
Сигурно во оваа фаза не можете да откриете многу детали, но дали би можеле да ни кажете кој е Вашиот личен пристап кон вакви големи предизвици?
Во оваа фаза, како и што рековте, не можам да окријам многу детали околу дизајнот. При дизајнирањето имав комплетна слобода и за мене беше важно да предложам дизајни кои би ме претставувале мене какко уметник и во претпознатлив стил затоа што и целиот овој концепт на Swatch е во таа насока. Во секој предизвик, независно дали е голем или мал, се вложувам максимално и сакам да бидам задоволен од тоа што ќе го предложам. Мислам дека ако го сакате тоа што го работите секогаш тоа се гледа во вашата работа.
Кој е Вашиот процес на работа кога се соочувате со нешто ново?
Процесот на работа кај мене значи многу истражување околу тоа што треба да го сработам па потоа почнувам со дизајнирање. Истражувањето е многу важно и ќе го цитирам Филип Старк, еден мој омилен дизајнер, кој кажал дека инспирација може да се најде насекаде и тоа секогаш го применувам. Истото беше и кога дизајнирав накит, инспирацијата за еден дел од накитот ја најдов во скадинавскиот интериер.
Вашето портфолио е импресивно, а ова ќе биде нова гранка на креативен процес за Вас. Во кои големи креативци најчесто се огледувате и кому ќе се обратите за вештина и инспирација овојпат?
Сум спомнал и порано, но и може да се забележи дека во моите слики голема улога имаат одиграно сликарите како Тамара де Лемпицка, Климт, Дали, Фрида. А во дизајнот тука е југословенскиот дизајн, советскиот пропаганден плакат и руската авангарда којa ја обожавам и доста од нивниот стил може да се виде во моите дизајни.
Сега веќе имам изградено свој стил и се држам до тоа.
Предлозите со кои се преставив пред тимот на „Божиновски“ и Swatch е стил по кој ме препознаваат и без да знаат кој е дизајнерот ме препознаваат по стилот.
Вие сте еден од ретките уметници кај нас кој е активен во промовирањето на уметноста и креативната работа од секаков вид преку социјалните мрежи и исто така се дел од онлајн групи и платформи за поддршка и ширење на знаењето и вештините. Изминатиов период споделувате детали од богатото културно-историско наследство на Ваште предци. Која е конекцијата со сегашноста што ја наоѓате и како црпите креативна енергија и инспирација од овој непресушен извор за да создавате нешто модерно?
од убавините а едно време денес дел од личните работи на мојата прабаба Atina Georgina ладило негде крај на 19 и...
Posted by Zoran Cardula on Sunday, July 18, 2021
Ја обожавам мојата работа, многу сакам да илустрирам и затоа многу ме има и по социјалните мрежи со многу илустрации посветени на ликови и настани кои ми значат, а воедно и да ги потсетам сите на некои великани кои веќе се заборавени. Јас сум од Крушево и за мене секое одење во Крушево ми е како враќање во едно минато време опкружен со работи кои моите предци ги користеле, а јас упеав да сочувам еден мал дел, но доволно да им се радувам. Сите тие фотографии, нивни лични предмети секогаш ми се инспирација за некоја моја серија на илустрации. Така лани баш во Крушево ја направив серијата илустрации посветена на арт деко инспириран од тој период кој беше исто така присутен во Крушево.
Секако тие илустрации се направени во еден модерен стил, но го отсликуваат времето кое го преставуваат.
За нешто што сакате да работите секогаш се наоѓа време.