Во подготовка е снимање на второ продолжение на славниот филм на Мел Гибсон, „The Passion of the Christ“. Во интервју за Breitbart News, актерот Џим Кавизел се осврна на вториот дел од филмот, кој режисерот Мел Гибсон го најавува со години.
„Мел Гибсон штотуку ми ја испрати третата верзија. Филмот е во подготовка. Ќе се вика „The Passion of the Christ: Resurrection“. Тоа ќе биде најголемиот филм во историјата, вели актерот.
Претходно, Кавизел зборуваше за неподготвеноста на Холивуд да обработува библиски теми, наспроти оние за суперхерои.
„Филмовите кои ги прават се Marvel Comics филмови. Ќе го видите Супермен, но нема да го видите Исус. Имав можност да го играм најголемиот суперхерој што некогаш постоел“, изјави тој за Fox News.
Мел Гибсон со години го најавува продолжението на филмот, кој ќе биде за последните 12 дена на Исус Христос на земјата.
Вториот дел ќе се занимава со воскресението.
„Тоа е огромна и важна тема и сакаме да ја обработиме на најдобриот начин. Не само да прикажеме што се случило, како да читате книга. Сакаме да прикажеме подлабоко значење и да ги истражиме сите аспекти од тој настан“, изјави Гибсон пред неколку години.
Првиот дел заработи 612 милиони долари низ светот, а многумина го критикуваа поради експлицитните сцени со насилство и антисемитизам. Истовремено, се истакна режисерскиот талент на Гибсон, но според мислењето на многумина, филмот му ја уништи кариерата.
Беше номиниран за три Оскари, но не освои ниту еден.