Ханибал е пред порти: 10 факти што треба да ги знаете за Картагина

Интересни факти за Картагина, еден од најбогатите и најмоќните градови на антиката.

За време на реновирањето на палатата на поранешниот доживотен претседател на Тунис, Хабиб Бургиба, кон крајот на петтата деценија на XX век, пронајдени биле остатоците од древниот град Картагина.

1. Картагина била основана од емигранти од персискиот град Тир. Тие го напуштиле Тир во XIII век п.н.е. и се населиле во Северна Африка. Тир се наоѓа во денешен Либан и важи за еден од најстарите во континуитет населени градови. Александар Македонски дури 7 месеци вршел опсада на Тир пред конечно да го освои. И тогаш, дел од жителите бегајќи од налетите на македонската војска, отпловиле за Картагина.

Александар врши опсада на Тир

2. Картагина се наоѓала на територијата на денешен Тунис, од каде што се проширила со освојување.

3. Римјаните Картагинците ги нарекувале Пуни. Ова име потекнува од латинското име Phoenicians, што значи Феникијци. Оттами доаѓа и името Пунски војни, што всушност значи Феникиски војни, а се однесува на војните со Картагинците.

4. Додека на чело на картагинската војска бил познатиот воен лидер Ханибал Барка - кој ја прославил, Картагина претставувала најголема закана за Рим. Така се родила изреката Hannibal ante portas, односно Ханибал е пред порти, која останала до денес и се користи кога некој или нешто е во најголема опасност.

Кога Ханибал ги преминал Алпите на Рим му дошол пред порти, оттаму и познатата изрека

5. Пунски војни е заедничко име за трите војни што ги воделе Римјаните и Картагинците во III и II век п.н.е.

6. Некои извори тврдат дека Картагина можеби станала најбогатиот град-држава во светот во тоа време, која своето богатство го стекнала со тргување со стоки, особено со текстил, необработени метали, храна и робови, кои ги заменувала за калај, сребро и злато.

7. Картагинците ја наследиле хананеската религија од нивните феникиски предци, а главни божества биле божествената двојка Вал-Хамон, што значи Господар на ковачите, и Танит, која може да се идентификува со Астарта, еквивалент на Афродита и Венера.

8. Најозлогласената карактеристика на картагинската религија било жртвувањето деца. Диодор Сицилијански известува дека во 310 п.н.е., за време на напад на градот, Картагинците жртвувале повеќе од 200 деца од благородно потекло за да го смират Вал-Хамон.

9. Кога била на врвот на својата моќ Картагина доминирала со поголемиот дел од западниот Медитеран.

Картагина со освоените територии во 323 година п.н.е.

10. Градот бил неколку пати уништуван од различни напаѓачи, а конечно бил освоен од Арапите во 698 година, а неговите камења подоцна биле користени за изградба на градот Тунис, ненешниот главен град на истоимената држава Тунис.

Градот Тунис денес
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Вести

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе