Хаос меѓу Мбапе и ПСЖ: Што се случува во позадина?

Извори блиски до францускиот фудбалер уверуваат дека проблемот со ПСЖ „оди и ндвор од фудбалот“ и дека во наредните денови ќе се знае што всушност се случува зад неговиот нов проблем во клубот, објави L'Équipe.

Првично шпанските, а потоа и француските медиуми синоќа ја објавија информацијата и бомбастичната вест дека Килјан Мбапе сака да го напушти ПСЖ во јануари и кариерата да ја продолжи во друг клуб. Тој со парискиот клуб има договор до јуни 2025 година откако во мај годинава потпиша продолжување.

„Напаѓачот на ПСЖ се чувствува изневерен од челниците на клубот и верува дека ветувањата што ги доби не се исполнети“, пишува Le Parisien, а веста набрзо ја потврди и L'Équipe.

L'Équipe продолжи да ја истражува оваа тема, а рано утринава го објави сознанието дека проблемот со Мбапе всушност не е „од фудбалска природа“, туку дека проблемот е целосната атмосфера што е создадена околу него.

Понатаму додаваат дека во наредните денови овој одличен крилен напаѓач ќе излезе во јавноста и ќе ја открие својата страна на приказната, а на крајот истакнаа дека ПСЖ нема апсолутно никаква намера да го продаде овој играч и дека ќе направи сѐ за уште еднаш да му угоди и да го исполни сите барања што ги има.

Мбапе синоќа играше против Бенфика во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите и постигна гол од пенал, но ПСЖ на крајот не славеше бидејќи натпреварот заврши со 1:1 откако португалскиот тим израмни преку Жуау Мариу во 62. минута, исто така од белата точка.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе