Хаос во Бразил: Полицијата приведе 1.500 демонстранти

Бразилската полиција во понеделникот расчисти протестен камп пред седиштето на вооружените сили во Бразилија и приведе околу 1.500 луѓе, еден ден откако радикалните поддржувачи на поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа државните институции.

Илјадници демонстранти упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во неделата, одбивајќи да го признаат изборниот пораз на Болсонаро од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој пред една недела положи заклетва како претседател на Бразил.

Болсонаро, кој моментално живее во американската сојузна држава Флорида, никогаш јавно не ја објавил и признал загубата на изборите.

По насилството во неделата, Врховниот суд нареди камповите на демонстрантите, вклучително и тој пред воениот штаб, да бидат расчистени во рок од 24 часа, што предизвика голема полициска операција, објави порталот Г1.

Во неделата беа уапсени 230 осомничени бунтовници кои ја ограбија зградата на Конгресот, пробија барикади, се качија на покривот и кршеа прозорци за време на насилството во Бразилија.

Демонстрантите потоа го насочија својот гнев кон блискиот Врховен суд и претседателската палата, а на безбедносните сили им беа потребни неколку часа да ја вратат контролата врз областа.

Лула, кој нападот го нарече обид за државен удар, потпиша декрет за федерална интервенција, дозволувајќи и на владата да ја преземе одговорноста за јавната безбедност во Бразилија, „како одговор на терористички акт“.

Во телефонскиот разговор со бразилскиот претседател во понеделникот, американскиот претседател Џо Бајден ја пренесе „непоколебливата поддршка“ на неговата земја за „бразилската демократија и слободната волја на бразилскиот народ изразена на неодамнешните претседателски избори“.

Бајден, исто така, го покани Лула на „консултации за широка заедничка програма“ во Белата куќа на почетокот на февруари, што бразилскиот претседател го прифати, се вели во заедничката изјава.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе